КАЛЕНДАР НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ Овоштарство

(Oвој напис е објавен на: July 31, 2018)

Наводнувањето на покасните сорти на јаболка и круши во месец август
обезбедува пораст на плодовите. Секако, високиот квалитет зависи и од систематската
борба против болестите, штетниците и плевелите.
Во насадите од малина, после бербата се отстрануваат сите родни гранки, за да
се овозможи брзо да се зголемат новите папки и да се формира плод. Задебелените
гранки, како и гранките кои што излегуваат во мегуредието, се отстрануваат. Исто така,
овој период треба да се изврши разровкување на почвата и отстранување на плевелите.

Септември е период за садење на јагоди, а тоа значи дека површината треба да се
подготви уште во август. Добрата подготовка значи заорување на почвата на длабочина
од 40 – 50см со плуг, а потоа се заорува на длабочина од 25 до 30 см во обратен
ораничен слој. Пред ова орање се расфрлаат 2-3 тона арско ѓубриво, на декар, а исто
така потребно е да се внесе и минерално ѓубриво.
Во текот на месец август кај јаболкото и крушата, треба да продолжи мониторингот
за појава и развој на втората генерација на јаболковиот црв. Борбата со сливовиот
овошен црв, завршува во текот на првите десет дена од месец август.
Кон крајот на месецот, доколку дојди до заладување, може да се појават услови за
силен напад од подоцнежно кафеаво гниење. Ова може да биде причина за потреба од
уште 1 до 2 дополнителни третирања кои што ќе се извршат пред бербата со соодветни,
регистрирани фунгициди со кратка каренца.

Share Button