fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Честит Рамазан Бајрам!

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам, на овој ден им помагаат на сиромашните, на децата без родители и на осамените.

Верниците од муслиманска вероисповед во земјава денеска го слават празникот Рамазан Бајрам. Овој празник муслиманите го слават по завршување на постите кои траеја цел месец, а во кој тие не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце. Месецот Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар, а воедно се смета за месец на почетокот на објавата на светата книга за муслиманите – Куранот.

Денеска празникот се означува со утринска молитва во џамија, а потоа верниците одат на гробишта за да ги посетат гробовите на нивните предци и блиски. Празникот прво им се честита на најстарите, а потоа и на останатите. Рамазан Бајрам се слави три дена.

На овој ден муслиманите им помагаат на сиромашните, на децата без родители и на осамените. Тоа, како што велат познавачите на исламот е должност на секој муслиман за овој празник.

Честитка за празникот прв упати поглаварот на Исламската верска заедница во земјава (ИВЗ), Шаќир Фетаи кој порача да престанат сите оружени конфликти во светот, да владее мир насекаде, бидејќи како што вели, само во мир човештвото може да оди напред кон нови случивања, за доброто на сите луѓе, без разлика на раса, пол, веросиповед или етничка припадност.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close