fbpx
Вести

Четиристотини земјоделци од Крива Паланка и Ранковце аплицирале за субвенции

Вкупно 400 земјоделци од општините Крива Паланка и Ранковце досега поднеле барања за финансиска поддршка за 2015 година, покажуваат информациите од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Од вкупно регистрирани 1.500 земјделци од двете општини за субвенции аплицирале 400, додека останатите 1.100 кои имаат регистрирано и пријавено призводствени капацитети тоа можат да го сторат заклучно со 31 мај годинава, изјави Влатко Ристовски, советник во стручната канцеларија на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството од Крива Паланка.

timthumb

Ристовски нагласи дека остануваат 20-тина дена за аплицирање за финансиска поддршка за годинава и која можат да ја остварат за растително и сточарско производство.

– Интересот на земјоделците за субвенции е голем, но апелирам апликациите да ги поднесат што е можно поскоро, да не ги чекаат последните денови пред истекот на крајниот рок за да можат навремено да бидат обработени нивните барања. Барањата се поднесуваат до подрачната единица на МЗШВ, а за сите информации и помош при аплицирање можат да се обратат и во нашата канцеларија секој работен ден, рече Ристовски.

Според повикот за финансиска поддршка за млекопроизводителите во предвидениот рок кој истече на 1 мај аплицирале 90 млекопроизводители до Крива Паланка и Ранковце.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close