вестиМакедонијаТоп вести

Денес јавна дебата „Европски перспективи на руралната жена – состојби и предизвици“

(Oвој напис е објавен на: јануари 27, 2020)

 

„Европски перспективи на руралната жена – состојби и предизвици“ е темата на јавната дебата што ја организира “  ЗЕЗ „Зелена берза“ Битола денес 27 јануари со почеток од 12 часот. Дебата ја организира во рамки на проектот „Од рурална жена до успешен претприемач, без стереотипи и дискриминација“. Јавната дебата ќе се одржи во канцелариите на Зелена берза на ул. Воден бр.17 Битола. Настанот финансиски е поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Воспоставувањето на еднакви можности и услови по родова основа е неопходно за создавање  на одржлив развој на руралните средини. Целосната вклученост на жените е од особено значење во воспоставувањето на одржлива социјална структура на руралните заедници и ревитализација на локалната економија.

Жените може да бидат во првите редови на иновациите и диверзификацијата  во руралните области преку развој на нови активности, производи и услуги

Придонесот на жените во руралната економија може да се промовира преку само вработување и мал бизнис.

Руралната жена може да биде лидер на руралната економија.

 

П.Ј.

Слични написи

Back to top button
Close