вестиМакедонијаТоп вести

Цвеќарите бараат да бидат опфатени во владините мерки

Производители на цвеќе, цвеќари, евент агенции и увозници на цвеќе бараат да бидат опфатени со мерките од владата.

– Ние сме гранка од стопанството навидум невидлива и мала но многу важна за ширење на оптимизам и позитивна енергија меѓу луѓето. Оваа дејност никаде не се спомнува како загрозена, а сепак станува збор за повеќе од 500 деловни субјекти низ целата држава,  впишани во Централен регистар како ДОО,  ДООЕЛ, ТП, занаетчии. Поради тоа формиравме Македонска цветна унија и поднесовме  петиција  под мото „ И ние постоиме“. Молиме да бидеме опфатени со економските мерки на владата.Не дозволувајте оваа убава и кревка гранка од стопанството да згасне, соопшти Македонска цветна унија.

Цвеќарите бараат покривање на бруто плати за времетраење на епидемијата, покривање на придонеси за дополнителни три месеци и дополнителни олеснувања за производителите на пролетен расад и режан цвет.

извор: Плусинфо

Слични написи

Back to top button
Close