Цената на дневната евтина тарифа на струјата ќе биде иста како и на ноќната
Бислимоски соопшти дека е против сега да има зголемување на цената на електричната енергија.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски вечерва рече дека цената на струјата во евтината дневна тарифа ќе биде иста како и на ноќната. Тој повтори дека дневната тарифа ќе биде два часа во интервалот од 12 до 16-17 часот, за што се прват последните анализи.
Повторното воведувањсе евтина дневна тарифа се должи на состојбите на пазарот, поради фотоволтаиците кои придонесуваат во текот на денот да има зголемена понуда на струја, која често во тој период има и негативна цена на берзите.
Инаку, Бислимоски соопшти дека е против сега да има зголемување на цената на електричната енергија.
Во гостување на „Топ тема“, Бислимоски рече дека не би можел да каже колку ќе биде цената на струјата во евра зашто тоа, напомена, е одлука на менаџментот на ЕСМ и на Владата.Според него, ЕСМ треба да ја откупува произведената електрична енергија од новите фотоволтаици. Клучно е да се испрати сигнал дека купувањето електрична енергија по екстремно ниски цени и тоа како ќе биде добредојдено за да се релаксира ситуацијата во електроенергетскиот систем. Во овој контекст, Бислимоски укажа дека ЕСМ треба да го подобри производството од своите електрани, како лани, а следниот чекор што мора да го направи е да биде многу поактивна на пазарот на мало, објави Независен