Цената на кафето е на 10-годишен врв
Кафето поскапе на највисокото ниво во изминатите 10 години, а аналитичарите очекуваат тензиите на пазарот да продолжат до 2023 година, јави Си-Ен-Би-Си.
Кафето поскапе на највисокото ниво во изминатите 10 години, а аналитичарите очекуваат тензиите на пазарот да продолжат до 2023 година, јави Си-Ен-Би-Си.
Договорите за декемвриска испорака на кафе ја завршија трговската сесија по цена од 2,34 долари за фунта. Во четвртокот, фјучерсите за кафе на Њујоршката интерконтинентална берза достигнаа 2,46 долари, со што беше највисока цена од 2011 година, кога беше 3 долари за фунта (1 фунта = 0,4536 кг).
„Прашањето е колку долготрајни се овие промени. Мислам дека треба да се фокусираме на она што се случува во Бразил оваа година – ниски температури, многу брз период на замрзнување што влијаеше на некои од областите за одгледување кафе и суша. Ова ја остави жетвата во 2022 година неизвесна“, изјави Оле Хансен, шеф на стоковните стратегии во Saxo Bank. https://nezavisen.mk/cenata-na-kafeto-e-na-10-godishen-vrv/