вестиСоветиТоп вести

Садење на компир

 

Компирот е осетлив на одгледување во монокултура, бидејќи го напаѓаат многу болести и штетници, доаѓа до намалување приносот. На иста површина не треба да се одгледува пред 3-4 години. Компирот најдобро успева на плодни и растресити почви. Не поднесува тешки, многу влажни и водонепропусливи почви. Почвата треба да биде без камења и крупен песок. Оптималната реакција на почвата треба да биде од 5,5-6,5.

Основната обработка се извршува на есен на поголема длаопчина. На почви со опша структура, како и на наклонети поради ерозија, обработката се врши на пролет. Предсеидбената обработка се врши непосредно пред садеоето на длаопчина од 10-12 см, за да се создаде растресит површински слој, погоден за садење. За принос од 40 т/ха во просек треба да се внесат: 150 кг/ха азот, 160 кг/ха фосфор и 250 кг/ха калиум. Целокупната количина на фосфор и калиум и половина азот се внесува со основната обработка, а остатокот од азотот се користи за прихрана.

Времето на садење зависи од климатските услови односно подрачјето. Рано пролетно садење доаѓа во предвид во потоплите јужни подрачја, а се врши во период  од 15 февруари дп 15 март. При производството на ран компир во предвид доаѓаат рани сорти кои се користат претежно за исхрана.

Пролетното садење се врши во рамничарскиот-континентален дел и во планинските ппдрачја, од 15 април до 15 мај а произведениот компир служи за исхрана преку цела година или за преработка. Летното садење се врши од 15 јуни до 15 јули, кај нас слабо се применува. Нагрнување Наводнување ,,капка по капка,, За садење треба да се користи квалитетно декларирано семе.

Оптималната големина на клубените за садење е 40-55 мм. На семенските клубени не смее да има видливи попмени од штетници и болести(деформитети). Негативниот ефект на сушата може да се намали со садење на ртени клубени.

Одбраните клубени месец дена пред садење се стават да ртат, а пред самото садење треба да се одберат, така што се одстрануваат клубените со слаби ртулци. Садењето на компирпт се врши рачно ( под мотика или во бразди) и машински (со полуавтпматски или автоматски садачки).

Целосно авопматизираните садачки ги оштетуваат ртулците па затоа се препорачуваат полуавтпматските. Растпјанието меѓу редовите треба да биде 50-60 см за рачно садење, а 70 см за машинско садење. Растојанието во редот обично изнесува од 20-30 см во зависност од гплемината на клубените, должината на вегетацијата и др.

Количината на семе се движи од 1.500 до 3.000 кг/ха во зависност од големината на клубените и бројот на растенија по ха. Вообичаената длабочина на садење на компирот изнесува од 6-10 см. На полесни и песокливи почви се сади 8-10 см, а на потешки почви поплитко на 6-8 см. Земјишните штетници како што се: телените црви, грчиците, совицата и други, се сузбиваат превентивно, пред садење, со гранулирани инсектициди кои мораат да се инкорпорираат оп почвата на цела површина или во редови.

Компировата златица штетите ги предизвикува со тоа што имагото и ларвите ги уништуваат лисјата. Најефикасно се сузбива кога се испилат 60% од ларвите оп фолијарни инсектициди. Пламеницата е најопасна болест кај компирот, а првиот напад може да биде 3-4 недели по никнењето. Условите за развој на оваа болест се температура на воздухот од 18-22п С и висока влажност. Заштитата од оваа болест се врши со користење на фунгициди, а бројот на третирањата зависи од временските услови.

Сузбивањето на плевелите се врши со меѓуредна обработка(култивирање), со мулчирање (фолија, слама и сл) и по хемиски пат со примена на хербициди. За уништување на плевелите во компирот постојат поголем број на хербициди кои можат да се применат: пред садење, после садење а пред никнење или по никнење на компирот.

Прихранувањето треба да се изврши пред култивирањето, односно пред загрнувањето со азотно ѓубриво. Прашњето (култивирањето) се врши рачно (со мотика) или машински (со култиватор). Меѓуредовото култивирање се врши на 7-10 дена по никнењето, а по потреба се врши и второ на 10-15 дена по првото. Нагрнувањето се врши рачно или машински со нагрнувач. Нагрнувањето се врши кога растенијата се високи 15-20 см, т.е 5-10 дена после прашењето. Непосредно пред почетпкот на формирањето на клубените.

Недостатокот на впда негативно влијае на приносот и квалитетот на клубените. До колку се задоцни  со наводнувањето можат да се јават несакани појави: израстоци на клубените, пукање на клубените по површината и внатрешно пукање.

Наводнувањето може да се врши со бразди(гравитационо), со оросување или со систем капка по капка. Компирот треба да се бери(вади) кога клубените се во технолпшка зрелост, односно лисјата и стеблото пожолтуваат и почнуваат да се сушат, при корнење на стеблото клубените остануваат во земја а кожичката на клубенот е затврдната и при триење не се лупи.

За раниот кпмпир основни критериуми за берба се големината на кртолите и цврстината на лушпата која треба да има доволно цврстина да издржи манипулација и транспорт.

М-р Цветан Јовановски

Слични написи

Back to top button
Close