fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Цените на горивата отидоа до небо: бензините поскапи за 5,5 денари, дизелот за 10 денари

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 89,50 (денари/литар) Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 91,50 (денар/литар) Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 85,50 (денари/литар) Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС – 54,319 (денари/килограм)

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на сите нафтени деривати на светските берзи бележат до сега незабележан рекорден раст кај сите нафтени деривати, и тоа: кај бензинот 10,990 %, кај дизелот 21,147 % , кај екстра-лесното масло 18,278 % и кај мазутот зголемување од 13,830 %.

„Од ден на ден драстично се зголемуваат цените на нафтените деривати на светските берзи, а дополнително на тоа и курсот на доларот расте, овие се клучни фактори што влијаат врз крајната цена. Поради сложената геополитичка состојба, која се одразува врз цената на енергентите, а со цел да се обезбедат сигурност и стабилност на пазарот со нафтените деривати и да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации, од сега натаму РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво за цени на нафтени деривати доколку берзанските цени имаат значителни промени. Овој принцип ќе се применува секогаш во состојби на екстремни дневни промени на берзанските цени. За состојбата во нафтениот сектор, РКЕ ја информира Владата детално и анализите им се ставени на располагање со цел да се носат соодветни одлуки за да се заштити стандардот на граѓаните. Нафтени деривати има во доволни количини, проблем е високата цена, но не само кај нас, туку во цела Европа. Неопходно е сите да се однесуваат рационално во ваква вонредна и непредвидлива состојба за која не се знае колку ќе трае и со каков епилог“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Од 8.3.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 89,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 91,50 (денар/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 85,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 54,319 (денари/килограм)

Во споредба со регионот, а во согласност со последните достапни податоците од 6.3.2022 година (недела), во земјата „евродизелот“ е со најниска цена и изнесува 1,388 евро/литар, а во Србија изнесува 1,552 евро/литар, во Бугарија е 1,457 евро/литар, во Албанија 1,616 евро/литар, во Грција 1,678 евро/литар и во Хрватска 1,497евро/литар. И „евросуперот БС-95“ исто има најниска цена во земјата, од 1,453 евро/литар (цена актуелна од полноќ), за разлика од Србија, каде што цената на „евросуперот БС-95“ изнесува 1,482 евро/литар, во Албанија 1,632 евро/литар, во Грција e 1,951 евро/литар и во Хрватска 1,507 евро/литар. Само во Бугарија е пониска и изнесува 1,427 евро/литар.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 8.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close