Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Цените на храната ќе се намалат дури на крајот од следната недела
До следната недела, властите им оставија простор на продавачите да ги ажурираат своите фискални каси и до крајот на мај да почнат да продаваат брашно, леб, масло, шеќер, млеко, месо, ориз и јајца без ДДВ
Владините мерки за подобрување на куповната моќ на граѓаните се на сила, но цените на основната исхрана нема да паднат до крајот на неделата.
До следната недела, властите им оставија простор на продавачите да ги ажурираат своите фискални каси и до крајот на мај да почнат да продаваат брашно, леб, масло, шеќер, млеко, месо, ориз и јајца без ДДВ.
Од УЈП наведуваат дека трговците немаат обврска физички да доаѓаат и усогласувањето на фискалните каси нема финансиски да ги оптоварува.
До 17 март или следниот четврток трговците имаат обврска да ја ажурираат касата за да ја продаваат основната храна што ја одреди Владата без ДДВ. Тоа значи дека до следниот петок граѓаните не треба да очекуваат поевтини прехранбени производи.