fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Цените растат-производителите велат имаат зголемени трошоци

Нови цени имаат имаат лебот, шеќерот, овошјето и зеленчукот. Додека ние секој ден чекаме „ковид статистика“ цените тивко и пред нос ни се зголемија, се жалат граѓаните.

Порастот на цените ќе ги остави полупразни трпезите за пролетните празници. Нови цени имаат имаат лебот, шеќерот, овошјето и зеленчукот. Додека ние секој ден чекаме „ковид статистика“ цените тивко и пред нос ни се зголемија, се жалат граѓаните.

За дел од продавачите на зелените пазари цените се исти, има само благо покачување поради временските услови, но продажбата оди добро.

Маре Ѓорѓиева секој ден е на пазарот во Штип. Дел од она што го продава го произведува заедно со семејството, дел набавува од откупните центри. Вели се зголемија трошоците за семе и ѓубрива, тоа значи и нови цени за овошјето и зеленчукот.

Според синдикалната кошница, две минимални плати не се доволни да ги задоволат основните потреби на едно семејство. Дури 42 % одат за храна и пијалаци, а процентот расте од месец во месец.

„Ако пред два-три месеци еден килограм шеќер и еден литар масло за јадење можевме да купиме за околу 100 денари, сега мораме да се одлучиме за еден производ што ќе заврши во кошничката“

Храната е се поскапа и во светот. Според ФАО цените на најтргуваните производи непрекинато се зголемуваат во последниве десет месеци. Најголем раст имаат растителните масла, тие се највиско ниво во последниве десет години.

Тоа не се добри вести за над 18.000 работници во државата што останаа без работа во пандемијата, за пензионерите и лицата во социјален ризик каде секој денар зголемување најсилно се чувствува.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close