fbpx
ВестиМакедонија

Црногорка купила крава со биткоини, па и дала очекувано име

Крава со звучно име Биткоинка е во сопственост од минатата недела на Анџела Бојиќ, првиот земјоделец во земјата што ја користела криптовалутата биткоин за купување добиток.

Анџела платила 0,03 биткоини за кравата, што е околу 1350 евра и им објаснила на црногорските медиуми дека причините за овој потег лежат во комбинацијата на земјоделството и современите технологии.

„Како млада личност која активно се занимава со земјоделство преку семејно производство, верувам дека иднината на земјоделството лежи во здрава комбинација на земјоделство и технологија … Се надевам дека земјоделците ќе погледнат и ќе започнат да користат некои современи методи во земјоделството, во овој случај да го користат овој начин на плаќање “, рече Саид Бојиќ, раководител на семејната фарма од централниот дел на Црна Гора.

Основачот на специјализираниот интернет портал seljak.me, Марко Мараш, посредувал во оваа купопродажба, поврзувајќи ги купувачот и продавачот. Тој вели дека целта на оваа трансакција била да се посочи спој на иновации и земјоделство.

„Се согласивме да ја извршиме оваа трансакција преку биткоин и на тој начин да отвориме ново поле на црногорското земјоделство. Ова е секако првата крава во регионот што е купена со криптовалути, а колку што имаме информации, може да биде пошироко “, рече Мараш.https://kanal5.com.mk/crnogorka-kupila-krava-so-bitkoini-pa-i-dala-ochekuvano-ime/a464852

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close