fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Да се врати линеарното субвенционирање на тутунот од 100 денари по килограм!

Пишува Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија. И најголемата пласирана лага кон ТУТУНАРИТЕ, не може да стане вистина.

Производството на тутун во Македонија зависи од степенот до кој е субвенционирано. Од 2007 до 2009 со (30 – 45) денари, и од 2010 до 2017 со 60 денари по сите класи линеарен метод. Во 2017 година субвенционирањето на тутунот претрпува измени и се воведува скалест модел на субвенционирање (по класи) под назнака државата стимулира квалитет со висина од: -80 денари за прва класа -70 денари за втора класа -додека субвенцијата за трета класа и останатите класи останува иста со висина од 60 денари. Дали со овој метод тутунарите навистина се здобија со зголемено субвенционирање или владата со помош на игра на бројки ги изманипулира тутунарите, а тоа навидум зголемување е само минимално и незначително.

Анализата на бројките го вели следното: Линеарниот модел до 2017 со субвенција од 60 денари од килограм по сите класи е поправичен, порамноправен за тутунарите без разлика дали се работи за успешна или помалку успешна реколта. Додека новиот модел на скалесто субвенционирање двојно и тројно ги оштетува производителите во услови на полоша реколта. Тоа може да се објасни преку следниот пример: Кога реколтата заради временски неповолни услови (поплави, суши, град) ќе направи штети кај производството првата загуба е: – намален принос по единица површина и послаб (полош) квалитет. Втората загуба е: -послаба (полоша) проценка при откуп, а со тоа и пониска откупна цена. Третата загуба е: -пониска субвенција заради претходните две причини (како резултат на новиот метод на скалесто субвенционирање). Дали и за колку во просек со овој метод е зголемена вредноста на субвенциите ќе направиме преглед по години 2017-2021.

-Реколта 2017 година: Просечната висина на субвенцијата за тутун е 71,7 денари по килограм. Зголемување од 11.7 денари во однос на претходниот метод.

-Реколта 2018 година: Просечна висина на субвенцијата за тутун е 71.4 денари по килограм. Зголемување од 11.4 денари во однос на претходниот метод.

-Реколта 2019година: Просечна висина на субвенцијата за тутун е 72.2 денари по килограм. Зголемување од 12.2 денари во однос на претходниот метод.

-Реколта 2020 година просечна висина на субвенцијата за тутун е 62.4 денари по килограм. Зголемувањето е само 2.4 денари во однос на претходниот метод и токму во оваа реколта најпластично може да се забележи дека тутунарите заради лошата проценка на вагите и просечна откупна цена од само 158,88 денари добиле и ниска субвенција на тутунот од само 62.4 денари по килограм.

-Реколта 2021 година просечна висина на субвенцијата за тутун е 70 денари по килограм. Зголемувањето е 10 денари во однос на претходниот метод. Ако се земи просек за овие 5 години со новиот метод на скалесто субвенционирање, зголемувањето изнесува само 9.5 денари од килограм по реколта што е минимално во однос на она што владата во овие 5 изминати години се обидува да го прикажи како историско зголемување и подршка на тутунарите како никогаш до сега.

Дека оваа поддршка не е доволна зборува и податокот дека последните години опаѓа бројот на производители на тутун, а со тоа производството на тутун во државата.

Во прилог графички приказ за висината на производството на тутун 2000-2017 година, во тони.

Нема достапен опис

Графикон 1.

Во прилог графички приказ на производители на тутун 2000-2017 година број на домаќинства.

Нема достапен опис

Графикон 2.

Во прилог графички приказ за земјиштето користено за одгледување на тутунски култури 2000-2017 година, во хектари.

Нема достапен опис

Графикон 3.

Во сите три графички прикази за периодот кој следи 2018 – 2022 бројките се опаѓачки и поразителни. Според оваа статистика ако владата го смета ТУТУНОТ за стратешка култура и во нејзин интерес е да го задржи ова какво такво производство, треба да го врати стариот метод на линеарно субвенционирање по класи со висина од 100 денари по килограм. А тоа колку е важен тутунот за државата зборува податокот дека Македонија со учество од 3% е позиционирана меѓу осумте земји со најголемо производство на тутун во светот,и учество со 11% од вкупното производство во ЕУ, а најважно за државата е економскиот бенефит од извозот на тутун и социјалниот мир кај населението кое се занимава со негово производство.

Пишува Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close