fbpx
ВестиТоп вести

Да спречиме африкански и индиски микроорганизми преку храната да бидат внесени во земјава!

Храната со јонизирачко зрачење не е опасна доколку е обележана, а доколку не е постои опасност некои од африканските и индиските микроорганизми да дојдат кај нас. Третирањето на храната со јонизирачко зрачење е иновативна технологија со која се продолжува рокот на траење, квалитетот и безбедноста на храната и воопшто не е штетно.

Македонците треба да знаат дали јадат храна што е озрачена, односно третирана со јонизирачко зрачење. Иако звучи опасно, експертите велат дека станува збор за безбедна храна. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека ваквата храна не е опасна доколку е обележана, а доколку не е постои опасност некои од африканските и индиските микроорганизми да се внесат во земјава. Имено, постапката се врши со цел храната да не се третира со пестициди или со адитиви, како конзерванси, кои ќе ѝ го продолжат рокот, таа контролирано се зрачи, па така се прави еден вид на студена пастеризација или стерилизација.
И директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасовски објаснува дека јонизирачкото зрачење е иновативна технологија со која се продолжува рокот на траење, квалитетот и безбедноста на храната и воопшто не е штетно, објавува вечер.
-Кога храната е третирана со јонизирачко значење се уништуваат патогените микроорганизми. Опасноста е поголема доколку на храната стои дека е третирана со јонизирачко зрачење, а не е, па тогаш постои опасност некои од африканските микроорганизми да дојдат кај нас. Оваа храна мора да биде обележана и купувачите да знаат дека купуваат таква храна. Треба уште да се работи во тој дел, бидејќи операторите со храна во Македонија сè уште не се добро запознаени со овој вид храна. Потребно е да ги едуцираме повеќе, бидејќи оваа храна не е опасна, туку се работи за иновативна технологија за поголема заштита на потрошувачите за да спречиме некои микроорганизми од Индија да дојдат кај нас и да ни направат проблем, вели Зоран Атанасов.

Ние формираме посебна група која ќе ги испитува сите тие работи и ќе ги следи промените кои се прават во регионот и во светот, во делот на контрола на храната.

Што се однесува до храната со јонизирачко зрачење кај нас регулативата пропишува дека мора да биде обележана со зборовите – озрачена или третирана со јонизирачко зрачење со цел потрошувачите да знаат и сами да изберат дали ќе купат производи со адитиви, органски или третирани со јонизирачко зрачење. Поради тоа, како што велат од АХВ, на декларацијата или на амбалажата на храната мора да биде наведено дали се работи за ваква храна.
Изложувањето на храната со јонизирачко зрачење е сè почесто. Храната се третира со јонизирачко зрачење за да се уништат штетните бактерии, габите и паразитите, да се продолжи рокот на траење на овошјето и зеленчукот, да се стерилизираат одредени пакувања и за многу други намени. Важно е да се потенцира дека оваа храна не е радиоактивна.
Третирањето на храната со јонизирачко зрачење овозможува уништување на микроорганизмите, бактериите, вирусите, инсектите и токсините.

извор:вечер

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close