Состанок со банките преку кои ќе се врши испалтата за „зелената нафта“

(Oвој напис е објавен на: November 21, 2018)

Во Министерството за земјоделство денеска се одржува состанок со банките преку кои ќе се врши испалтата за „зелената нафта“.

Како што соопшти денеска ресорниот министер Љупчо Николовски, станува збор за нови над 55 000 клиенти поради што на банките им се презентира планираниот концепт.

Николовски побара трпение од земјоделците за „зелената нафта“ зашто мерката, рече, е нова, но, веќе е внесена во планот за 2019 година и потребните средства се обезбедени.

-Го променивме Законот за земјоделство и рурален развој, по долга блокада од опозицијата.  Владата ја донесе методологијата за која површина, на кој начин и во кој износ ќе им следува „зелена нафта“ на земјоделците. „Зелената нафта“ е внесена како мерка во Законот. Бараме разбирање од земјоделците зашто станува збор за нова мерка која мора да ја тестираме. Во Министерството денеска се одржува состанок со сите банки преку кои би се реализирала оваа мерка. Им го презентираме нашиот концепт за да видиме колкав е интересот, зашто станува збор за нови над 55 000 клиенти. Тие ќе добијат зелени, дебитни трансакциски картички со посебна сметка на која ќе ги добиваат средствата, единствено за оваа намена. Целата постапка е во тек, а во наредните недели ќе го завршиме тестирањето на моделот и ќе и го презентираме на јавноста, изјави Николовски по посетата на Тутунскиот комбинат во Прилеп по повод  почетокот на откупот на тутунот.

Во Буџетот За 2019 година се предвидени средства за „зелената нафта“. Првата година се предвидува 30 отсто покривање на трошоците, а наредните години е можно подрршката да расте и до 50 проценти.


 

vecer