fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Дали трговците манипулираат со цените, ќе утврдува ДПИ

Државниот пазарен инспекторат допрва ќе утврдува дали трговците манипулирале со цените по воведување на мерката за ограничување на маржите.

Не е утврдено дека дел од маркетите сами ги повлекувале производите викендов со цел да ги вратат на полици со нови повисоки цени, вели директорката на Државниот пазарен испекторат. Откако вчера министерот Бектеши тврдеше дека причина за празнење на маркетите се виновни трговците, а не купувачите. Дали трговците манипулирале – инспекторите допрва ќе ги чешлаат записниците од спроведените контроли.

Откако стапи на сила мерката за ограничени маржи инспекторите во повеќе градови уртврдиле дека цената на лебот е повисока за 5 денари, а има најави за раст на цените и на другите производи.

Во меѓувреме нафтата и гасот на светските берзи рушат рекорди, па се очекува тоа да предизвика и нов бран поскапувања. Сепак од Владата смируваат- граѓаните да не стравуваат. Велат стоковите резерви се полни и засега нема потреба од нивно активирање.

„Во моментов нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а како Влада ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто.“

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close