вестиТоп вести

„Проанализ“  Струмица врши анализи на мостри не само од Македонија туку и во Регионот

 

Лабораторијата „Проанализ“ од Струмица  со услугите што ги дава на своите комитенти станува препознатлив бренд во државата.  Имајќи ги предвид потребите на компаниите, покрај најразличните хемиски и микробиолошки анализи  оваа лабораторија врши и контроли за издавање на сертификати од повеќе области. Овие активности ги извршува во соработка со Universal GmbH system .

„Universal GmbH system  е интернационално тело за сертификација  и нашите дејности се спроведуваат во рамките на UNICERT бренд со акредитација DakkS. Извршуваме повеќе консултациски услуги и тоа:

-Имплементација и сертификација на стандардот ISO 9001:2008 систем за управување на квалитет,

– Имплементација и сертификација на стандардот 22000:2005 систем за производство на безбедна храна

-Имплементација  и сертификација на HACCP систем за анализа на опасностите  и критични контролни точки.

– Имплементација и сертификација на стандардот 14001:2005 систем за управување на заштита на животна средина

– Имплементација и сертификација на стандардот OHSAS 18001систем за управување со здравје и безбедност на работниците

– Имплементација и сертификација на стандардот ISO 5001систем за правилно управување на енергијата“ , посочува Славица Милошевска маркетинг менаџер во Проанализ Струмица.

Имајќи ги предвид  акредитациите и методите по кои оваа лабораторија ги извршува, се зголемува бројот на фирми кои започнуваат соработка со оваа лабораторија. „Пелистерка“ АД Скопје веќе три години соработува со „Проанализ“ Струмица. Соработката започнала токму со контроли за добивање на сертификатите, за потоа да се прошири и на хемиски и микробиолошки анализи на готови производи.

„Соработката ја започнавме со контроли за сертификат за животна средина, потоа за добивање на сертификат  за квалитет и бебзедност ИСО 9001, ИСО 14001,ИСО 22000 и сето тоа преку UNICERT. Соработката ја продлабочивме и со хемиски и микробиолошки  анализи на извори на вода, како и на готови производи, флаширани вода и сокови, вели технологот Елена Дамчевска раководител на производство во „Пелистерка“ АД Скопје. Задоволни сме од услугите, а секако и од цените по кои ги наплаќаат своите услуги. Нашите потреби се различни и истите произлегуваат од програмските планови и правилниците за работа на фирмата. Добро е тоа што мострите за анализа ги  подигнуваат од самата лабораторија, а резултатите ги добиваме навремено, додава Дамчевска.

Освен услуги во Македонија во лабораторијата во Струмица секојдневно добиваат мостри за најразлични анализи од соседните Косово и Србија.

Павлина Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close