fbpx
ВестиТоп вести

Дали знаете дека 2/3 од овошните плантажи во ЕУ се наоѓаат во три земји?

1,3 милиони хектари земјиште во Европската унија, во 2017 година, се наоѓало под овоштарници. Кое овошје најмногу се произведувало?

Податоците на Еуростат покажуваат дека, нешто повеќе од една третина од вкупниот износ отпаѓа на јаболка (473.500 хектари, 37%), а вората петтина на портокали (255.500 хектари, 20%).

 

Од остатокот, насадите со праска опфаќаат 190.500 хектари (15%), ситните агруми со мандарини и клементини покривале 139.600 хектари (11%), круши 100.400 хектари (8%), кајсии 75.700 хектари (6%) и плантажен лимон 60.100 хектари (5%).

Овошните површини изнесувале околу 1 одсто од површината користена за земјоделско производство (173 милиони хектари во 2016 година).

Две третини од плантажното овошје е концентрирано во три држави – Шпанија (423.000 хектари), Италија (279.000 хектари) и Полска (167.000 хектари

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close