fbpx
ВестиТоп вести

Македонското земјоделство има развој

Често се води оправдана расправа околу вистината за развојот на земјоделството, а во контекст и за оправданоста на директната финансиска поддршка. Владини институции и нивните поддржувачи изнесуваат податоци со кои сакаат да докажат дека има развој на земјоделството и дека потрошените буџетски средства за поддршка на земјоделството даваат резултати. Противствените стојалишта негираат дека има развој и дека неоправдано се трошат буџетски средства, бидејќи не се трошат за развој туку за други цели, за пропаганда пред избори, за социјални трасфери и др.

Изнесените аргументи од двете страни не можат никого да убедат ниту во едната ниту во другата теза, бидејќи се површни, делумни, неубедливи, а некои неточни. Пред да ги изнесам моите стојалишта по прашањето дали земјоделството се развивало во последните години и дали неговата директна финансиска поддршка е оправдана, морам да подвлечам еден факт кој многу “познавачи” на земјоделството не го знаат или го игнорираат. Имено земјоделството е особено сложен економски систем, чиј развој не може да се искаже и  оценува лесно и едноставно, бидејќи постојат голем број индикатори за неговата оценка, како натурални така и финансиски, а во последно време и придонесот кон заштита на животната средина, за здравствената безбедност на храната, регулативите и нивната усогласност со истата на ЕУ и друго.

Прашањето пак за финансиската поддршка на земјоделството не треба да се оценува само по резултати во производство, туку и дали е во согласност со условите на СТО, со стандардите на ЕУ, со тоа како влијае на висината на доходот  и стандарадот на земјоделците и слично.

Најразбирливи за поширок аудиториум се количинските, апсолутни и релативни показатели за важните  производства, финансиски показатели од Економски сметки и вредностите на извозот и увозот.

Сите  анализирани показатели подолу се според податоците од Статистички годишници на РМ објавени од Државниот завод за статистика.

Пред да преминеме на изнесувањето на податоци, кои покажуваат како се движат производните и други резултати да се подсетиме дека еден од главните фактори кој има сериозно влијание на резултат во земјоделството е аграрната политика креирана од властите. Анализа на  целата аграрна политика не е можна поради ограничениот простор, а не е ни потребно, бидејќи бараме елементи кои придонеле за негативно влијание врз земјоделството.  Првата сериозна грешка која се одразува врз приходите не земјоделците и рамномерно инвестирање во нивните стопанства се одредби во Законот за земјоделството и рурален развој, со кои се оневозможува регуларна наплата на продаденото производство, бидејќи 80% од таа продажба можат да ја реализираат по 180 дена. Сериозна дискриминација и кршење на Уставот на Државата. Оваа дискриминација на земјоделците е сериозна пречка нормално да се организира производството за следната реколта. Друга сериозна грешка на аграрната политика е искривување на моделот на ЕУ за директна финансиска поддршка по единица капацитет, а не по единица производство. Во првите години од функционирањето на платежната агенција покрај поддршката на производителите на млеко по грло приплод  на крава се направи обид  и со дополнителна поддршка по литар произведено млеко. Нашите испитувања покажаа дека мерката поддршка по литар млеко се одразува на откупната цена на сметка на земјоделецот, бидејќи откупувачите ја  намалуваат откупната цена за износот на поддршка по литар. Така што земјоделците немаат полза од дадената поддршка  1,2 или 3  денари по литар, а ваква мерка претставува мешање  во пазарната цена  на производот од страна на државата.  За да биде грешката поголема и масовна  од пред неколку години поддршка покрај по површина на соодветната култура се примени и сега се  применува скоро кај сите поважни култури. Мерката се користи и како начин власта да се додвори на земјоделците. Покрај наведените негативни  последици од поддршка по единицапроизвод има уште две причини зошто треба да се укине. Прво е што со ваква поддршка се дезавуира  методот  (системот) кој го користи ЕУ. Второ, поддршката по количини произведено и продадено производство  државата стимулира количини, а не квалитет. Земјоделецот се бори да произведе што поголема количина и да го задоволи минималниот квалитет за откуп на производите, а немислејќи на висок квалитет и конкурентно производство. Од друга страна поддршката по капацитет (ха и грло добиток) е и со цел  да се користат максимално производните капацитети. Следната грешка на аграрната политика е пак во врска со финансиската поддршка е што се трошат средства за поддршка на голем број производи кои немаат никакво значење за националните интереси бидејќи се застапени со минимални површини, а бидејќи некои се  непогодни нашите услови, а некои (како оризот) не можат да конкурират во извозот, а ја надминуваат домашната потрошувачка. Такви производства треба да  се подржат за да го напуштат  производството и да се ориентираат на друго – рентабилно. Кај оризот е потребно апсолутно намалување на количини за домашната потрошувачка, а со државна поддршка за воведување на високо доходовни производства како што е овоштарството, производство на месо, високородни сорти пченка, зеленчук и друго, бидејќи оризот троши по 1ха најмалку 15 пати повеќе вода отколку најинтензивните производства што ги спомнав погоре. Дали не треба да размислуваме за рационално користење на водата  за високо доходовно производство и за штедење на вода кога  светските  експерти предвидуваат климатски промени кои ќе создадат на нашиот простор пустински услови?

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

извор: Фактор

Слични написи

Back to top button
Close