fbpx
Агро бизнисМакедонијаТоп вести

Иницијативниот одбор – направивме прочистување од партиските членови и формиравме нова Фејсбук група „Тутунари од Македонија“

Иницијативниот добор денеска ќе ги застапува тутунарите на средба со министерот Арјанит Хоџа и откупувачите. 

Иницијативниот одбор на тутунари се „прочисти“  и направи внатрешна филтрација од како што велат партиски членови кои биле во ИО. Воедно од вчера формираа нова Фејсбук група насловена „Тутунари на Македонија“.

-Иницијативниот одбор го исчистивме од членови кои беа партиски инволвирани, велат од ИО.

Иницијативниот одбор предводен од Игор Мирчески, а во кој членуваат и Тони Ангелески, Џемаил Назиповски, Еџевит Ајдаровски, Саше Мицкоски, Флоре Груевски и Васко Трајков денеска ќе ги застапува тутунарите на средба со министерот Арјанит Хоџа и откупувачите.

Иницијативниот одбор првично беше формиран на почетокот на декември од ФБ групата „Македонски тутунари“, за брзо време се наметна како фактор во преговорите на тутунарите со владата и откупувачите околу годинешниот откуп на тутунот.

 

Слични написи

Back to top button
Close