fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Далибор Величковски–Земјоделците не сакаат да протестираат, сакаат редовни субвенции

Земјоделците заслужуваат редовна исплата на субвенциите, ни една власт не смее да си дозволи да исплаќа субвенции под притисок од земјоделски протести и блокади на патишта, порачува Далибор Величковски, сточар од кумановското село Кучкарево

Земјоделците заслужуваат редовна исплата на субвенциите, ни една власт не смее да си дозволи да исплаќа субвенции под притисок од земјоделски протести и блокади на патишта, порачува Далибор Величковски, сточар од кумановското село Кучкарево, кој има фарма со крави и обработува над 35 хектари земја. Во селото порано секоја куќа чувала стока, сега останати се само двајца фармери.

Далибор смета дека трошоците на фармата се големи и парите кои сточарите ги добиваат од откупот на млекото се доволни само за да се покријат трошоците на фармата и за егзистенција на семејството, но не и за инвестиции и проширување на фармата. За тоа вели потребни се повисоки и навремено исплатени субвенции.

-Затоа велам дека парите од млекото се колку да се преживее, а субвенциите ни се потребни за да купиме некоја машина за фармата, да го обновиме тековното работење, да создадеме услови за да си ја олесниме работата. Но мора да кажам дека моменталната состојба со сточарството во државата е едноставно кажано – на бесилка. Лично јас немам земено субвенции за млекото од лани, од април месец. За кравите и за земјата немам субвенции. Ниту помош за неразвиен крај, за регистриран земјоделец, за ништо, по ниту еден основ. Некои субвенциите не ни се исплатени повеќе од 3 до 4 години, вели Далибор револтиран што администрацијата редовно зема плата секој месец додека земјоделецот сработените пари ги чека и по неколку години.

Анета Блажевска

 

 

Повеќе за сторија на Далибор на https://zelenaberza.com.mk/dalibor-velichkovski-zemjodelczite-ne-sakaat-da-protestiraat-sakaat-redovni-subvenczii/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close