вестиТоп вести

Повеќето жени-фармери се уште неформално вклучени во земјоделството

(Oвој напис е објавен на: февруари 11, 2019)

Голем број од жените фармери се неформално вклучени во земјоделскиот сектор или не е регистрирана нивната дејност поради што здравствното и социјалното осигурување не им е платено. Тоа директно влијае врз квалитетот на нивното живеење, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

На завршниот настан од проектот „Мерење на нивото на зајакнување на жените во земјоделството со примена на експериментален економски метод“, Царовска напомена дека е неопходно да се подигне свеста зошто е потребно жените и формално да бидат вклучени во земјоделството и како носители на дејноста.
FCP_2308
-Размислуваме и разговараме за имотот што се споделува меѓу машките и женските деца во семејството, како се наследува земјоделското земјиште, за жените да бидат носители на земјоделската дејност и натаму да ја развиваат. Ваков тип анализи се многу важни за Министерството за земјоделство со посебна поддршка да развива програми кои директно ќе ги поттикнат жените да се вклучат во нивните земјоделски бизниси, истакна Царовска.

Според министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој најави нови мерки, предвидени се 180.000 денари неповратни средства за жените што ќе имаат дополнителна дејност во руралните средини.

Десет отсто од БДП, рече Николовски, отпаѓа на земјоделството, но во овие само една третина се вклучени жените. Исто така, само 20 отсто од регистрираните задруги се водени од жени претпримеачи.

-Креираме нови мерки и политики и на нив ќе работи нова потсекторска група во рамки на Министерството која ќе се занимава со родовите прашања особено на вклученоста на жените во земјоделството. Засега, при аплицирање за сите мерки, дополнително бодување имаат жените. Но, ќе донесеме нови измени на Законот за земјодлество согласно кои бодувањето на жените апликанти ќе биде многу повреднувано, напомена Николовски.


 

brif

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close