Дебата „Земјоделско-прехранбените пазари и обезбедувањето со храна…“
Во дебатата ќе бидат вклучени македонски и словачки експерти, универзитетски професори, претставници на земјоделски здруженија и асоцијации на фармери и други претставници на граѓанскиот сектор.
Националната конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК), денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе биде домаќин на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11), која ќе ја одржи десеттата сесија на тема „Земјоделско-прехранбените пазари и обезбедувањето со храна во контекст на тековната глобална криза”.
Како што најавуваат организаторите, Европското движење на Македонија, воведни обраќања на темата ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин, словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш и националниот координатор на НКЕУ-МК и професор на Филозофски факултет при УКИМ, Милева Ѓуровска.
Во дебатата ќе бидат вклучени македонски и словачки експерти, универзитетски професори, претставници на земјоделски здруженија и асоцијации на фармери и други претставници на граѓанскиот сектор.
Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е финансиран од УСАИД и Словачката агенција за развој. /МИА