вестиСоветиТоп вести

Интегрална заштита во градинарството

Денес во светот се користат три начини на заштита на растенијата:
– Конвенционален – обично се користат хемиски средства,
– Интегрален – хемиските средства се употребуваат само ако е тоа неопходно
бидејки не помага ниту една друга метода,
– Биолошки или еколошки метод – која не дозволува употреба на хемиски
средства па дури и употреба на минерални губрива.
Интегралната заштита претставува систем на заштита на растенијата кој подразбира
користење на сите расположливи методи за уништување на штетниците, причинители
на болести и плевели. Со неконтролирана употреба на пестициди и минерални
губрива , екосистемот е нарушен, пренамножени болести, заплевеност и т.н.
Хемиските мерки не се исклучени од интегралната заштита, напротив тие се нејзин
составен дел, но нивната примена е рационализирана –болестите и штетниците се
одржуваат на прагот на штетноста.
Целта на интегралната заштита или интегралното производство е да се овозможи
добивање на високи, стабилни и квалитетни приноси, не интоксицирани производи, и
да се овозможи зачувување на животната средина и одржување на корисните
предатори – инсекти.
Сега но и во иднина за заштита на растителното интегрално производство,
проритетно место треба да заземе методот на интегрална заштита. Тоа ке се оствори
само ако се врши континуирано следење на појавата на болести и штетни инсекти во
текот на цела вегетација.
Сите мерки на интегралната заштита може да се сведат на неколку групи:
– Фактори на растење и развој,
– Агротехнички мерки,
– Хемиски мерки,
– Биолошки мерки,
– Механички мерки
Стандарди на однесување за примена на интегралната заштита:
– Едукација на фармерите – призвидители (ИЗП) со максимални можности за
добивање на неинтоксицирани(чисти) плодови, зачувување на животната средина
– Користење на соодветна градинарска почва (смеска) за производство на расад
– Одржување на оптимални фактори за развој,
– Користење на почви растресити и богати со органски материи,
– Дезинфекција на почвата по методот на запарување со водена пареа или
соларизација, избегнувајки ги штетните пестициди,
– Користрење на помалку токсични пестициди од трета група на отрови и кои се
на дозволена листа за заштита
– Воведување на ефикасни и безбедни методи на апликација на пестицидите,
– Избор на сорти, расадување и систем на одгледување,
– Правилна обработка на почвата
– Избегнување на употреба на хлоридни губрива,
– Употреба на минерални и органски губрива врз основа на предходно
извршена агрихемиска анализа
– Превилно и избалансирано прихранување,
– Правилно одржување на електроспроводливоста во границите кои се
потребни за растенијата
– Оптималана норма на вода, воведување на систем капка по капка
– Можности за воведување на биолошки методи за заштита
Најчести болести, штетни инсекти и непаразитни болести со кои се срекаваме во
текот на производствот се: сечење на расадот, пепелница, пламеница, вируси, сиво
гниење, бело гниење, бактериозни заболувања.
Најчести штетни инсекти се: оранжериска белокрилка, лисни минери, лисна вошна,
совици, копривино пајаче, фитопаразитни нематоди(коренови), ровец, телени црви,
грчици и др.
Од непаразитни болести: недостаток на азот, недостаток на калиум и калциум,
магнезиум и пукање на плодовите.
При создавање на поволни услови за развој на културата, се создаваат и неповолни
услови за развој на болести и штетници.
Добрата исхрана е услов за зголемување
на имунолошките особини на растенијата
бидејќи ги прави отпорни кон паразитските
болести и штетните инсекти.
До колку се констатира вишок на
хранливи елементи производителите
треба да извршат промивање на вишокот
на соли со обилно еднократно или
повеќекратно полевање.
До колку сите мерки ги одржуваме во
приближно оптимални услови, заштитата
со пестициди скоро ќе биде минимална.
Од тоа прозлегува дека не се само хемиските средства главно оружје за заштита,
туку и другите мерки кои беа погоре споменати, што значи се намалува значајно бројот
на прскања со хемиски средства, се добиваат повисоки приноси, намалени се
вкупните трошоци а се зголемува профитот.
Дип.инг.агр. Стојан Глигоров

Слични написи

Back to top button
Close