Дел од одгледувачите на овци се жалат, нема субвенции на нивните сметкии бараат објаснување од кланичарите и од Платежната агенција
Платежната агенција информира сточарите да пријават ако не зеле субвенции за 2023 година.
Одгледувачи на овци се жалат дека денеска не добиле пари на нивните сметки по основ субвенции за 2024 година. Сточари кои се пожалија до Зелена берза ги има од сите краишта на државата и тврдат дека не зеле пари. Дел од нив ќе бараат одговори од кланиците дали уредно ги пријавиле за субвенции, но сепак главното прашање го упатуваат до Платежната агенција зошто нема исплата за сите сточари во еден ден.
Инаку денеска е извршена исплата на средства кон одгледувачи на овци во вкупен износ од 335.963.096 денари. Надлежните наведуваат дека субвенции се исплатени само за 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај.




