Дел од патиштата се непроодни поради наноси од земја и кал
Поради наноси од земја и кал непрооден е регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп.
Поради наноси од земја и кал непрооден е регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп.
Од денеска до 23 овој месец патот Велес – Градско ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 8 до 18 часот поради поставување на слој од асфалт, информира АМСМ.
Оттаму информираат дека поради наноси од земја и кал непрооден е регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп.
– По една коловозна лента се одвива и сообраќајот на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Поради излевање на Крива Река, во прекин се локалните патишта од Крива Паланка кон с.Варовиште и с.Градец. Исто така, во с.Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на р.Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот – информираат од АМСМ.