Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Делчевец произведе „бела тиква“ тешка 32 килограми
Бела тиква или како што народот ја вика балка тешка 32 килограми е произведена во делчевското село Тработивиште. Таа е сопственост на делчевецот Блаже Крстевски, кој вели дека првпат се случува толкава балка да пронајде меѓу своите градинарски производи.

– Триесет и две килограми е балката, оваа година ја произведов во село Тработивиште. Добра е, убава сорта и иако сум наоѓал поголеми, прв пат се случува со толку голема тежина да произведам на местото каде садам и пченка и грав. Според мене отскокнува од другите по тежина најверојатно поради поголемата наѓубреност на местото, истакнува Кртсевски за МИА.
Крстевски во шега вели дека заслужува награда за најголема балка произведена досега.
– Ако има некоја награда за балката ќе биде добро. Инаку планирам да ја продадам ако има кој да ја купи, ако не ќе ја пресечеме да ја пробаме. Ако дојде некој да ја земе цената е 20 денари за килограм, но секогаш има простор за договор, посочува Крстевски.
Триесет и две килограми тешката тиква остана изложена пред неговото мало дуќанче во Делчево каде ќе може да ја види секој љубопитен и, како што додава Крстевски, да се увери во нејзината големина.