Деловни тенденции во преработувачката индустрија
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија, во декември 2015 година, е за 0.3 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во
однос на декември 2014 година е зголемен за 8.0 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2015, во однос на ноември 2015
година, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а залихите на готови производи сe зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2015 година е поповолна во споредба со
претходниот месец, а поповолна е и во однос на декември 2014 година. Истото се однесува и на оценката за
бројот на вработените.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2015 година изнесува 64.5%
од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната
домашна побарувачка со 25.0%, недостигот на квалификувана работна сила со 24.7% и недоволната странска
побарувачка со 23.4%.