вестиМакедонијаТоп вести

По искоренувањето на „свинската чума“, операторите ќе може да извезуваат во ЕУ

Агенцијата за ветеринарство, по искоренувањето на болеста и престанокот на вакцинирањето, до Светската организација за здравствена заштита на животните и официјално го достави досието за стекнување статус на „Земја слободна од класичната свинска чума“. По ова, ќе може слободно да се извезуваaт живи свињи, свинско месо и нивни производи на европскиот пазар.

Во земјава има 13 оператори со храна кои се регистрирани за извоз во Европската Унија, а одобренијата да се занимаваат со оваа дејност, од европските власти им се издадени во последните 2 години.

Според минатогодишниот попис на свињарските фарми, евидентирани се вкупно 3.790 одгледувалишта со 133.400 свињи.

Во периодот 2008-2018, просечното годишно производство на свинско месо е 9,37 илјади тони. Проценето е дека околу 90 отсто од домашните потреби за сурово свинско месо се покриени со домашното производство, но македонската месна индустрија за своите потреби целосно увезува замрзнато свинско месо. Главните пазари од кои се увезува свинското месо се ЕУ (62 отсто), Бразил (11 отсто) и Полска (4 отсто).

Извор: Слободен печат

Слични написи

Back to top button
Close