Агро бизнисБез категоријаВести
Демирхисарец се обидел да запали дуќанче во Суводол
Полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода С.Ф.(36) од с.Суводол, демирхисарско.
На 30.01.2024, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода С.Ф.(36) од с.Суводол, демирхисарско. Имено, во ОВР Демир Хисар Н.С.(41) од с.Суводол пријавила дека била опожарена влезната врата од нејзиниот продажен објект во с.Суводол, а по преземени мерки и извршените оперативни проверки било констатирано дека сторител е С.Ф.. Во службен разговоро тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.