Денес инфо ден за ИПАРД во Старо Нагоричане и Арачиново
Старо Нагоричане и Арачиново се денешните дестинации на караванот за инфо денови за мерката 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2. Согласно европските прописи, во тек е најавата за јавниот повик за оваа мерка, а до крајот на месецот се очекува повикот да биде објавен.
Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој денес со почеток од 10 часот ќе бидат во Старо Нагоричане, за потоа да продолжат во Арачиново со почеток од 14 часот.
Целта на инфо-деновите е сите заинтересирани да се запознаат со можностите што ги нуди Мерката 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2, критериумите за поднесувања на барања и потребната документација.
МЗШВ ги повикува сите заинтересирани граѓани, физички лица-носители на земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, за инвестирање по ИПАРД Програмата, да ги посетат инфо деновите со цел модернизирање на сопствените земјоделски стопанства.
Мерката 1 овозможува кофинансирање на трошоците за инвестиции конструкција/реконструкција на објекти за производство или помошни објект, конструкција/реконструкција на објекти кои се користат за пост-бербени активности и преработка на земјоделски производи, набавка на повеќегодишни растенија, набавка на нови машини и опрема, објекти и опрема за наводнување, набавка на специјализирани транспортни приколки, инфраструктура на земјоделско стопанство.
П.Ј.