fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Владата донесе одлуки за производството на тутун

НАЈНОВА ВЕСТ-Владата на Република Северна Македонија на денешната 43 редовна седница ја разгледа и усвои Стратегијата за производство на тутун за период 2021-2027 година, со акционен план.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 43 редовна седница ја разгледа и усвои Стратегијата за производство на тутун за период 2021-2027 година, со акционен план.
Меѓу целите на седумгодишната стратегија за производство на тутун како посебно се издвоени: државната помош на земјоделските стопанства кои се занимаваат со тутунско производство; поддршката на доходот на земјоделските стопанства; политиките за рамномерен и одржлив развој во тутунопроизводните региони; и поддршката за формирање на организации на производители.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close