fbpx
ВестиТоп вести

Со Тераграмин подобро ја запознавме сопствената земја!

Користењето на подобрувачи за почва и во минатото постоело кај нас како пракса, но не во голема мера и без да бидат достапни комерцијални производи. Во условите во кои се наоѓа нашето земјоделство,  наша клучна задача, како компанија која произведува подобрувач на почва – Тераграмин, беше да создадеме нова навика, да ги поттикнеме земјоделците да размислуваат за подобрувањето на квалитетот на почвата која ја обработуваат, за да постигнат соодветни резултати. И секако она што е остварено досега не мотивира да продолжиме понатаму, се додека поголемиот број наши земјоделци не се запознаат со правилното третирање на почвата со Тераграмин.

Последните неколку години ги исполнивме со многу средби со земјоделци, ентузијасти и помалку ентузијасти, затоа што во земјоделството кај нас секогаш има проблеми, но генерално сликата која ја добивме беше позитивна, бевме прифатени и наидовме на желба за соработка, на интерес за откривање нови работи, но и на многу недоумици и претходни лоши искуства. Заклучокот е сепак, дека  земјоделците сакаат да го користат Тераграмин и почнуваат да ја сфаќаат неговата улога.

Од примена во производство на расад, па се до негова апликација на нива рачно во редови (бразди) или по целата површина со ѓубре-растурач, потоа добро инкорпорирање во земјата, за да не остане на површина и за да може да ја исполни својата цел, да ја направи почвата ровка и растресита, да ја снабди со повеќе воздух, топлина и да задржи до 60% влага (вода и растворени) ѓубрива. До фактот дека не се става секоја година, туку на период од 5 години. Сето ова, таму каде што сме имале можност, насекаде било презентирано и било нешто несекојдневно за што земјоделците сакале да слушнат. Кај нив нема многу филозофија, секогаш ќе ви речат: Ако е така, како што зборувате, ние сите ќе го користиме. Сепак постои едно непишано правило, никој не сака да биде првиот кој ќе проба некој нов производ и се чека да се види какво искуство ќе има некој друг претходно. Недостасува поголема решителност за користење нови практики. Но ние ги пренесуваме нашите искуства и искуствата на оние кои се веќе задоволни од употребата на Тераграмин.

Производот е достапен во 50 земјоделски аптеки во државата, а  последниот проект кој го реализиравме беше токму во соработка со земјоделските аптеки и земјоделците од Гевгелија, Богданци, Валандово и Струмица каде што се произведува доцна зелка и сме многу задоволни од одзивот и нивната желба да користат нов производ во правењето на расадот.

Последните години беа интензивни за нас со чести теренски посети, соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – централа Битола и регионалните единици во повеќе градови како   Кочани, Кавадарци, Неготино, Прилеп, Битола, Радовиш, Струмица, Гевгелија, Богданци, Валандово и многу други. Стекнавме многу познанства и имавме прекрасни мигови, сведочевме заедно на одличните резултати кои ги постигнувавме со употребата на Тераграмин  кај најразлични земјоделски култури: ориз, тутун, пиперка, орев, бостан, компир, овошни култури, на отворено и во стакларници со хидропоника и се што може да се засади во оваа наша прекрасна Македонија.

Понекогаш сликите не враќаат назад во времето и не потсетуваат на делот од патот кој е зад нас, но она што е пред нас е иднината, во која посакуваме да донесеме што е можно поголем бенефит за секој земјоделец.

Со Тераграмин ја запознавме сопствената земја, научивме многу едни за други, го потврдивме своето мислење дека земјоделецот треба да биде на врвот на нашата општествена пирамида, за да имаме здрава иднина и просперитет за сите.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close