Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи
Поинтензивна нестабилност со пороен дожд и грмежи во западните делови од земјата. Врнежи од дожд со умерен интензитет во централните делови од државата.
Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа ќе бидат поројни, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, особено во западните, централните и северните делови.
Поинтензивна нестабилност со пороен дожд и грмежи во западните делови од земјата. Врнежи од дожд со умерен интензитет во централните делови од државата.
Минималната темпепратура ќе се движи во интервал од 12 до 19 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 16 до 28 степени.
Во Скопје времето, исто така, ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 25 Целзиусови степени.
Од вторник, информираат од УХМР, не очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со просечни температури за овој период од годината. Во јужните делови од земјата ќе има услови за слаб локален дожд.