fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Денес попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи

Период на нестабилно време повремено со појава на локално невреме

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме.
Можно е да е слика од мапа и текст
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно и посвежо време. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд ( над 25 l/m2 за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и град.
Особено нестабилно ќе биде денес, a во недела ќе има помали услови за нестабилност. Oд понеделник до средината на следната седмица повторно ќе има појава на локално невреме.
Во Скопје до средината на следната недела времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close