Денес терминот пушач подразбира нешто поразлично од некогаш
Пазарот на тутун драстично се промени со воведувањето на нови уреди кои содржат никотин.
Пазарот на тутун драстично се промени со воведувањето на нови уреди кои содржат никотин. Реномираната американска Агенција за храна и лекови (FDA) неодамна спроведе квалитативно истражување на 48 фокус групи со возрасни пушачи за да ги утврди нивните ставови и верувања во врска со цигарите и другите производи од тутун. Наодите од фокус групите потенцираат дека откажувањето од цигари и понатаму е тешко за пушачите. Пушачите честопати се движат низ повеќе бариери за откажување од цигарите, меѓу кои стресните ситуации и околина во која се наоѓаат, нивните согледани придобивки од пушењето и постојаните погрешни перцепции за никотин и зависност. Ова истражување беше презентирано од Кетлин Крозби Директор при Центарот за производи од тутун, Канцеларија за здравствена комуникација и едукација, американска Агенција за храна и лекови на овогодинешното издание на виртуелниот Самит за е-цигари во САД.
„Она што го откривме е дека пазарот е динамично поместен за само пет години од последниот пат кога вршевме истражување. Поместувањето на „тутунскиот пејзаж“ драматично влијаеше врз перцепциите на пушачите и нивното однесување при откажувањето од цигари какона пример откажувањето дури и да значи откажување, тоа е целосно редефинирано“, објасни Крозби.
Откритијата од истражувањето се покажале како многу комплицирани, меѓусебно поврзани и испреплетени и покажуваат каков предизвик е луѓето да се откажат. Било да станува збор за откажување од цигари, заменување различен вид никотин или оставање на никотинот целосно, сето ова станува многу комплицирано и уште потешко кога се разгледува од гледната точка на пораки кои се испраќаат до пушачите. Кетлин смета дека идните напори за пушачите да се откажат треба да продолжат – навистина да се обидуваат да ја истакнат важноста на прекинот на пушењето и да ги едуцираат за придобивките, но прво треба да бидат решени празнините на погрешните перцепции не само за никотинот, туку сега и за штетите и зависноста кои се толку сложено испреплетени.https://faktor.mk/denes-terminot-pushach-podrazbira-neshto-porazlichno-od-nekogash-