fbpx
Вести

Површините под кафе за 10 години ќе се преполоват

povrshinite pod kafe za 10 godini kje se prepolovat

Климатските промени негативно ќе влијаат на индустријата за производство на кафе, а до 2050 година плантажите со кафе ќе се преполоват.Со тоа ќе бидат погодени 120 милиони луѓе кои живеат од индустријата со кафе, а се работи за едни од најсиромашните земји.

Големите суши и обилни дождови ќе доведат до тоа површините со кафе да се намалат за 50 отсто, а цените да се зголемат.

Климатските промени веќе влијаат на производството во Мексико, Гватемала и Никарагва, земји во кои производството на кафе е една од клучните економски гранки. Индустријата на кафе вреди 19 милијарди долари.  Повеќе од 2,25 милијарди кафиња се пијат дневно во светот, а производството тројно се зголеми во послениот половина век.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close