вестиТоп вести

Денес во Ресен се слави јаболкото, почна 19 –от Преспански јаболкобер

Со симболично откинување на првото јаболко во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ денеска во Ресен официјално почнa  годинaшната берба на преспанското јаболко. Традиционално секоја година се одржува на верскиот празник Крстовден.

„Ден Крстовден, ден на јаболкото. 19 –ти по ред Преспански јаболкобер . Денес ја започнавме официјалната централна манифестација на општина Ресен, каде го славиме јаболкото. Заедно со Министерот за земјоделие и нашите гости свечено го откинавме првото јаболко и посакавме успешна и бериќетна година на сите земјоделци од Преспа. Очекувам добра и успешна година, очекувам цената да биде многу подобра од минатата година иако количината на јаболка оваа година е намалена , поради невремето што ја зафати Преспа ова лето. Очекувам квалитетот да биде многу подобар и земјоделците дa видат бенефит од својата работа, „ изјави за новинарите градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски.

По откинувањето на првото јаболко  што се случи во овошните насади на Агроплод Ресен, гостите се упатија на плоштадот „Цар Самоил“ во Ресен каде што беа презентирани земјоделска и друга механизација за овоштари. како и средства за заштита на јаболката. На денешната манифестација можеа да се видат и најразлични производи од нашата традиционална храна, карактеристична за Преспанскиот регион.

„Она што мене посебно ме израдува е традицијата на јаболкото која се негува дури и од основни училишта, но исто така кога велам и нови производи од јаболко кои што допрва ќе се појават на пазарот, а сето тоа ќе озовзможиме и поттикнеме преку прилагодување на правилници за флексибилност, каде што ќе може да се овозможи продажба на производи од јаболко од продажба од праг.Она што може да го увидиме е јас би посакал една успешна берба, што повеќе конзумно јаболко, што помалку индустриско, затоа што тоа ја зголемува и цената и вредноста на вкупната берба. Министерството во последната година постојано сме во коnтакт со овоштарите од Преспанскиот регион, направивме неколку интервентни мерки, односно неколку нивни барања разговарајќи ги прифативме се со цел да го  одржиме, јаболкото да го имаме на овој реон, секако и задржување на младите“, изјави Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

„Ми претставува особено задоволство што денеска сум овде на овој убав ден. Не е случајно што сум тука бидејќи УНДП е долгорочен пријател и партнер со активностите во Преспа. Пргледувајќи ја штандовската презентација , јас сум среќна што сретнав луѓе, партенри со кои 15  години работиме во Преспа,  ми е навистина мило да ги погледнам резултатите од таа долгогодишна програма. Навистина би скала да кажам и да ги охрабрам ресенчaни  и понатаму да продолжат со оваа традиција на ова квалитетно јаболко бидејќи заслужува да го постигне пазарот и да го достигне местото што го заслужува“ рече Нарин Сахакјан амбасадорка    на УНДП во Македонија.

Во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер 2019“ министерот Димковски ќе се обрати и на јавна трибина, што ќе се одржи во општинската зграда.

Годинава се очекува да се соберат околу 120.000 тона на јаболка од кои нешто повеќе од 30.000 тони ќе биде индустриско јаболко за преработка.

Манифестацијата „Преспански јаболкобер“ почна синоќа со настапот на ресенските групи „Инстикт“, „Реприза“ и Кристина Арнаудова. Претходно на спортските терени во градот се одиграа меморијален фудбалски и ракометен турнир посветени на Благој Котларовски и Зоран Стојановски, а најмладите имаа можност да ја погледнат театарската претстава „Бел заб – здрав заб“.

Павлина Јовановска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close