fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонија

Сончево и топло до 34 степени, попладне нестабилно

Во наредните денови времето ќе биде стабилно, од викендот со засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец, над 60 километри на час, што ќе услови намалување на дневната температура. Од понеделник дневните температури ќе бидат во значителен пораст.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ-8.

Како што соопшти УХМР, во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно, од викендот со засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец, над 60 километри на час, што ќе услови намалување на дневната температура.

Од понеделник дневните температури ќе бидат во значителен пораст.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close