Денеска се исплаќаат субвенции за сточарството, а се подготвуваат субвенциите за тутунот
Денеска се исплаќаат субвенциите во делот на сточарството, за говеда, овци, кози, пчеларите и сите останати субвенции во делот на сточарството.
Наша цел е да се одрижи домашното производство на храна вели министерот Љупчо Николовски
„Денеска се исплаќаат субвенциите во делот на сточарството, за говеда, овци, кози, пчеларите и сите останати субвенции во делот на сточарството. Пред неколку недели се исплатија субвенциите во полјоделството, лозарството, градинарството, со што над 30 милиони евра минимум се исплатени само во еден месец. Се подготвуваат субвенциите во делот на тутунот и како што кажав, како никогаш досега имаме редовна навремена и брза исплата на субвенции и го имаме намалено износот што доцнеше во претходните години односно во 2017 година, кога сточарите имаа девет фази на неисплатено млеко. Денеска се исплаќаат последните фази од минатата година вклучително и фазите кои дополнително ги внесовме во Интервентниот фонд како поддршка во сточарството.“, рече министерот Љупчо Николовски и најави дополнителна поддршка за млекопроизводителите.