fbpx
ВестиМакедонија

Денеска се празнува Св. Нектариј Битолски, заштитникот на Битола

Преподобен Нектариј Битолски-значаен светител од Битола 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 декември и се празнува Свети Некариј Битолски.

Преподобен Нектариј Битолски 

Значаен светител од Битола

Именден празнуваат: Нектариј.

Заминал во Света Гора каде што и денес почиваат неговите мошти во ќелијата во која што живеел и се молел.

Преподобниот Нектариј Битолски е роден во Битола од побожни родители. Крстено име му е Никола. Живеел во време кога Турците ги освојувале овие простори. Мајка му, еднаш кога работела на гумното, заспала и сонувала како Богородица ја советувала со мажот и децата да бегаат и некаде да се сокријат зашто ќе дојдат Турците и ќе направат многу зла. Ги послушале советите на Божјата Мајка и се засолниле. Навистина набргу дошле Турците и на населението му направиле многу зло. Кога состојбата се смирила целото семејство излегло од засолништето живо и здраво и благодарно кон Бога и Богородица за предупредувањето и за спасението.
Татко му на Никола во поодминати години, со одобрение на мајка му заминал во манастирот „Свети врачи Кузман и Дамјан“ близу до Битола, се замонашил и добил име Пахомиј. Во манастирот често доаѓал и Никола заедно со својот брат.
Обичај било во манастирот да доаѓа околното население и да носи дарови. Особено тоа масовно се случувало за време на празникот на Светите Врачеви. Еднаш се случило народот донесол многу подароци за манастирот. Имало во изобилство храна и вино. Но имало и многу народ така што виното бргу се испило. Пахомие и неговите двајца синови слегле во подрумот со свеќи во рацете за да ги измијат бочвите но биле изненадени кога виделе дека бочвите на чуден начин биле наполнети со миризливо и квалитетно вино.
Гледајќи го ова чудо и сеќавајќи се на јавувањето на Богородица на мајка му, младиот Никола уште повеќе го засакал животот во манастир и заминал на Света Гора. Таму бил примен од старецот Дионисиј кој веднаш го одвел кај видовитиот старец Филотеј. При првото видување старецот го повикал по име: „Ти си Никола, синот на Пахомиј, и сакаш да живееш со нас“. Никола се изненадил, од каде овој старец што прв пат го гледа, го знае неговото име и името на неговиот татко, но стариот му објаснил дека тоа го разбрал од Бога што и го испратил тука. Воодушевувајќи се од двајцата старци Никола останал да живе со нив и да им помага, се замонашил и го добил името Нектариј.
Преподобниот Нектариј Битолски умрел на 5 декември 1500 година. По пет години неговите ученици го отвориле гробот и виделе дека од неговите мошти течело миро и се ширела пријатна миризба. И денес светите мошти на Нектариј Битолски почиваат во ќелијата во Света Гора во која тој живеел и се молел.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close