fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мефаил Ајрадини-Стадатa овци се упатија во зимските престојувалишта во Повардарието и Пелагонија

Традиционално околу 25 октомври стадата овци кои изминатите пет месеци престојуваа во бачилата во Западна Македонија, тргнаа на долгиот пат и се упатија во зимските престојувалишта во Повардарието.

Стада овци, кои кон крајот на мај пристигнаа на бачилата и на пасиштата на планините Бистра, Стогово и Шар Планина, со доаѓањето на постудениот период, тргнаа на долг пат по патишта, планини и долини, за по две до три недели да се најдат во зимската одредница во Повардарието, каде зимите се поблаги и нема големи врнежи од снег.

– Традиционално околу 25 октомври стадата овци кои изминатите пет месеци престојуваа во бачилата во Западна Македонија, тргнаа на долгиот пат и се упатија во зимските престојувалишта во Повардарието и во помал број во Пелагонија. Патот од Бистра, Шар Планина и Стогово до последната одредница во Неготинско-Кавадаречкиот регион траат околу две до три недели. На стадата овци друштво им прават кучињата шарпланинци, натоварените коњи со храна за кучињата и овчарите и се разбира самите овчари, вели Мефаил Ајрадини, сопственик на стадо овци, кој со децении се занимава со сточарство.

Тој посочи на патешествието на стадата овци кои мора да го изминат долгиот пат за да стасаат до своето зимувалиште и проблемите со кои попатно се соочуваат.

Во зависност од временската ситуација и теренот што го поминуваат, помал дел од овците претрпуваат одредени проблеми, подлизнувајќи се на косините од планините по кои поминуваат а не мал број страдаат и од автомобилите кога се движат по јавните патишта. Има дел и на овци кои по некоја случајност се одделуваат од стадата и се губат во шумата, по што стануваат лесен плен на гладните волци-додава Ајрадини.

Овчарите фокусирани на движењето на стадото по патиштата и речиси без подолг сон го поминуваат овој пат, бидејќи ноќеваат каде ќе ги стемни а попатно може да заврне дожд, снег или да ги фати поголемо невреме.

– Нашата работа е многу специфична, бидејќи независно од времето мораме да бидеме крај стадото овци и будно да го следиме нивниот пат. Бидејќи попатно се движиме и по планини и густи шуми, што е причина стадата да бидат изложени на опасност од волци. Исто така движејќи се по стрмните падини низ шумите често се случуваат и повреди на овците, кои потоа отежнато го поминуваат преостанатиот дел од патот. И така секоја година на пролет кон планинските бачила а во есен кон зимските престојувалиштА-истакнаа овчарите.

Помал дел сопственици стадата овци ги пренесуваат камионски или со воз. На овој начин транспортот е многу побрз и загубите на овци речиси ги нема, единствено треба да се плати паричен надомест за овој транспорт.https://kanal5.com.mk/v-nedela-vtor-krug-od-lokalnite-izbori-vo-44-opshtini/a500685

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close