fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Денеска се слават чудата на Свети Архангел Гаврил

Именден празнуваат: Гаврил, Габриела..

Денес е Свети Архангел Гаврил, празник во народот познат и како летен Архангел.

За овој ден се врзуваат многубројни обичаи.

На оние кои ја почитуваат верата на тој ден им е забранета скоро секаква работа.

Свети Архангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот. Црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето сѐ до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска.

Именден празнуваат: Гаврил, Габриела..

Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога.

Поради тоа се верува дека на денот на Свети Архангел Гаврил треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека ова е најдобро време за отпочнување на каква било доброволна работа.

Св. Архангел е посветен на доброто и давањето, па така и луѓето треба да се сетат на своите блиски како и на оние кои имаат помалку од нив.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close