fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Денови на млекото

Целта на настанот е да се согледаат актуелните состојби во млекопроизводството, мерките кои ги презема Владата и моменталните предизвици и придобивки.

По повод Светскиот ден на млекото – 1 јуни, Здружението заштита на правата на тутунарите и останатите земјоделски производители на руралните средини на пелагонискиот регион ЕКО ТАБАК Битола, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, организира „Денови на млекото и кооперативното здружување“.

На настанот ќе присуствуваат повеќе млекопроизводители од Пелагонискиот регион, како и Благојче Веселиновски, претставник од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Целта на настанот е да се согледаат актуелните состојби во млекопроизводството, мерките кои ги презема Владата и моменталните предизвици и придобивки.

Проектот „Денови на млекото и кооперативното здружување“ е манифестација која има за цел да го зајакне континуираното дејствување во повеќе насоки: здружување на фармерите, нивна советодавна поддршка, подигнување на квалитетот на млекото, напредок и континуиран, долгорочен бенефит.

 

-Здружувањето на фармерите во земјоделски задруги е битно за да се постигне одржливост на млекопроизводството и подобрување на рентабилноста на сточарството.

Посебно внимание МЗШВ посветува на примарното производство, подобрување на квалитетот на суровото млеко и поттикнување на млечната индустрија.

 

Млекопроизводството како еден од поважните сегменти во агроиндустријата, зазема и важно место во креирањето на политиките за развој на земјоделството, а организирањето на оваа манифестација придонесува за одржлив и организиран пристап во спроведувањето на мерките кои произлегуваат од нашето законодавство и ЕУ регулативата.

Токму затоа, здружувањето на фармерите во земјоделски задруги е важно за да се постигне одржливост на млекопроизводството и подобрување на рентабилноста на сточарството, а токму преку оваа манифестација и кооперативното здружување се трасира добар пат на спроведување на соодветните начини на дејствување кои водат кон реализација на поставената цел, се наведува во најавата.

 

МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close