fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Деновите на кочанскиот ориз“ се одбележуваат со револт на земјоделците од ниските откупни цени

Претседателот на здружението „Оризова братимка“ Јордан Левков, незадоволен од повеќегодишното деградирање на оризопроизводителите и со сè она што се случува во земјоделството, решил да остави неколку хектари засадени со ориз во родното кочанско село Чешиново, и со своето семејство заминал да живее во Минхен, Германија.

Претседателот на здружението „Оризова братимка“ Јордан Левков, незадоволен од повеќегодишното деградирање на оризопроизводителите и со сè она што се случува во земјоделството, решил да остави неколку хектари засадени со ориз во родното кочанско село Чешиново, и со своето семејство заминал да живее во Минхен, Германија. По неговите стапки, како што најавува ова здружение, ќе тргнат и други членови.

Тие прашуваат како е можно сите нивни барања и предлози досега да се одбијат, а само формално на големо да се спроведува манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, во услови кога 20-30 насто од оризовата арпа од реколтата во минатата година не е откупена и е складирана во амбарите на производителите.

„Не се во прашања постојните субвенции или некои други минимални поволности, туку оризопроизводството наметнува многу други големи трошоци и нерешени системски прашања со цените на ѓубривата, водоснабдувањето, скапиот семенски материјал, на увозот на ориз од странство, па немањето домашни ниту странски инвестиции за краен производ на оризот, прашања што овие години ги наметнувавме, а сите се оглушуваа на нашите апели“, велат загрижените членови на „Оризова братимка“.

Околу 4.500 оризопроизводители од кочанскиот крај кои располагаат со речиси 5.000 хектари со ориз во кочанската котлина, се мачат да го пласираат производството за кое се нуди ниска откупна цена, а камоли да реализирааат ново производство со високи производствени цени за механизација и нафтата, ѓубривата.

Здружението „Оризова братимка“ реагира што целата аграрна политика околу оризот ја водат луѓе од Кочани, а ниту еден од нив не е производител. Или, тие што потекнуваат од селата каде се одгледува ориз ги имаат дадено своите ниви под наем на луѓе кои се вистински производители. Велат дека главни производители на ориз во овој регион се Чешиново, Облешево и околните атари, но нивните мислења за надлежните како да не се важни.

Оризопроизводителите реагираат и на последната средба на раководството на Здружението за ориз кое имало разговор во Владата, и не веруваат дека сега предизборно ќе се коригираат откупните цени, од сегашните 17 денари на ветените 25 за арпата и 50 за белиот ориз.

Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ која е во тек ќе продолжи со симболична рачна жетва на оризот што ќе се спроведе на површините на Институтот за ориз во Кочани и со тематски дебати за оризовата култура, актуелните проблеми и состојбата со оризопроизводството.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/denovite-na-kochanskiot-oriz-se-odbelezhuvaat-so-revolt-na-zemjodeltsite-od-niskite-otkupni-tseni/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close