fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Девизните резерви се на солидно ниво, во јули ново зголемување

Во последните неколку месеци (април – јули) сме сведоци на континуирано избледување на притисоците на девизниот пазар и продажбата на девизи и веќе во јули повторно се преминува во откуп на девизи – односно се забележува ново зголемување на девизните резерви, вели во изјава за МИА универзитетскиот професор и член на Советот на Народната банка, Борче Треновски.

Нема мрдање од нашиот стабилен фиксен девизен курс и не треба да има сомнеж по ова прашање. Девизните резерви се амортизерот – заштитниот слој кој ја гарантира таа стабилност и истите имаат улога да ги елиминираат притисоците доколку се појават и затоа тие континуирано се кумулираат. Во последните неколку месеци (април – јули) сме сведоци на континуирано избледување на притисоците на девизниот пазар и продажбата на девизи и веќе во јули повторно се преминува во откуп на девизи – односно се забележува ново зголемување на девизните резерви, вели во изјава за МИА универзитетскиот професор и член на Советот на Народната банка, Борче Треновски.

Професорот посочува дека монетарната стабилност и предвидливост е пресудна за креирањето на одржливи економски политики, здрава деловна клима и бизнис околина.

– Девизниот курс за нашата економија, претставува „сидро” кое не дозволува „економскиот брод” да го однесат брановите предизвикани од регионалните и глобалните ветрови на нестабилност. Синџирот кој го држи сидрото и бродот закотвен се девизните резерви кои често се предмет на дискусии, елаборации и шпекулации. Оттука, нема дилема дека одмерените реакции на монетарната власт – Народната банка, неопходно треба да бидат во насока на чување и одржување на таа стабилност, посочува Треновски.

Според Треновски, серијата од последователни економски, енергетски и безбедносни кризи во нашата економија, како и регионот, пред се увозните притисоци, поради зголемените увозни цени на енергијата и храната, неизбежно било да направат притисоци на монетарната стабилност и девизните пазари. Затоа, велиТреновски, овие движења испровоцираа историски одговор, не само од нашата централна банка, туку од речиси сите централните банки во регионот (Србија, Хрватска, Чешка итн.) и глобално (САД, ЕУ, Јапонија итн.) со носење на серија мерки преку повеќе канали – каматни стапки, задолжителна резерва, репо-трансакции, макрупрудентни мерки итн.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close