Дезинсекција на подрачјето на Општина Могила
Екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола синоќа почнаа акција за заштита на населението од заразни болести и вршат превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Могила како општа противепидемијска мерка.

Уништувањето на комарците се врши со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило кое заради активности во вечерните часови е означено со ротациско светло.
-Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки, водотоци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Могила, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата, информираа од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.
За теренските активности навремено се информирани здруженијата на пчелари со цел да ги заштитат пчелните семејства и во текот на денешниот ден.