fbpx
ВестиВкусот на традицијатаТоп вести

Макалото на ДЕСЕ

Вкусот на традицијата

Макалото на ДЕСЕ

Со креативен спој на традицијата, органската храна и уметноста, се доаѓа до еден сосема нов и уникатен производ – Макалото на Десе. Македонската храна изобилува со низа традиционални јадења, некогаш и подзаборавени. Токму тој креативен спој на старото со новото овозможува да продолжат да живеат старите рецепти.

Идејата да направи нешто различно, а сепак вкусно, што ќе потсетува на традиционалната храна, направи да се појави „Макалото на Десе“. Десанка Ристовска од Струга  е идејниот творец на тој производ , каде основата е лукот.

„Сакав да направам нешто, што прво јас ќе го јадам, без да се стегам дека ќе мирисам на лук. Првата комбинација беше со додатоци во основата на лук и семки од тиква, сончоглед, сува смоква и брусница. Макалото го комбинирав како додаток на салати, тестенини, риба, месо, чорба“, објаснува за Зелена берза Десанка Ристовска.

На почетокот и самата била скептична, но се изненадила од тоа како било прифатено нејзиното макало. Бонбониерите кои вообичаено се носат за некој повод, Десанка ги заменила со убаво декорирана тегличка од нејзиното макало. Коментарите  ги засенувале првичните поводи. Муабетите на маса пропаѓале во вода и макалото станувало тема број еден. Повод, дотолку повеќе ова нејзино хоби да премине во нешто поголемо.

„Мислев дека не е можно да се премине од хоби во бизнис, но производот беше одлично прифатен така што сега добивам постојано нарачки, за што мојата кујна морав да ја заменам со друг соодветен простор, каде што ќе може да го ирзаботувам и да го пакувам макалото. Социјалните мрежи, фејсбук и инстаграм го направија најголемиот маркетинг. На почетокот за моите другарки и познајници, за потоа да се најде во продавницата за здрава храна во Куманово. Сега го има скоро во сите струшки ресторани“, вели Ристовска.

Квалитетот си го направил своето, така што голем дел  тегли со ова макало заминале и во странство . За дизајнот на теглите се погрижил нејзиниот сопруг Горан  по професија ликовен уметник.

„Се обидувам да направам спој на нејзината првична замисла на вкусот , со она што јас го имам конципирано во главата , за на крајот да имаме производ кој освен што е вкусен и убаво изгледа во неговата амбалажа“, вели Ристовски.

Десанка е наставничка во одделенска настава и се обидува на креативен начин да им ја доближи здравата храна на нејзините ученици и родители. За сега макалото и е само хоби. Вели дека може да пререасне во бизнис , но за тоа е потребна помош од државата, бидејќи од година во година сировините кои ги користи се се’поскапи  и поскапи, а не сака да  ја зголемува цената на макалото, бидејќи само што ја научиле, а  производот е нов. За лукот пак, не треба многу да се зборува колку тој е добар за здравјето на сите, од најмали до најголеми. Десанка  за битолчани го промовираше својот производ на „Пазарот на органска храна“, настан  што го организираше „Слоу фуд“ – Битола, поддржувачи на органска храна произведена на традиционален начин.

Павлина Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close