Џејхан Асанов-козарството изчезнува оти нема интерес кај кланиците, а уште нема ни субвенции
Меѓу Валандово и Дојран кај Ѓопчели, на полјаната од десетина хектари 40-годишниот Џејхан Асанов од валандовско село Дедели постојано трча по стадото кози.
Меѓу Валандово и Дојран кај Ѓопчели, на полјаната од десетина хектари 40-годишниот Џејхан Асанов од валандовско село Дедели постојано трча по стадото кози. Ги има околу 600 кои се основен извор на приходи за неговото семејството. Постојано беше во трка со козите за да не излезат на регионалниот пат, иако со него имаше и неколку кучиња.
Секој ден ги носи на паша. Му помагаат одвреме-навреме и негови братучеди од истото село кои имаат по некоја коза во стадото, но вели дека тој е најодговорен за хранењето на целото стадо па не знае дали е обичен ден, викенд или празник.
„Како не е тешко. Нозе немам. Постојано трчам по нив по десетина часа, бидејќи по природа се потемпераментни козите. За среќа, некогаш ми помагаат двајца мои братучеди. Козите не се толку мирни кога се изнесуваат на паша па мора да се внимава на нив. Постојано сум на оваа релација, бидејќи овде има најмногу трева. Со оглед дека од утро до мрак сум врзан со нив, не знам што ден е, кога е викенд, а кога празник. Но тоа е, од нешто мора да се живее“, вели Асанов.
Според него, козарството во овој дел на државата постепено изумира. Своевремено, само во Дедели имало десетина семејства се занимавале со одгледување кози и производство на козјо млеко. Но, сега останал само тој со неговите братучеди. Козари нема ниту во соседните села, каде претежно останале стада со овци и по некоја крава.
„Нѐ имаше повеќе пред некоја година. Сега никој не сака да одгледува кози, бидејќи цената на млекото е 20 денари, а треба да биде најмалку 40. Единствено пари добиваме од продавање на млекото, бидејќи нема интерес ниту за младите јариња од кланиците, па мораме да ги оставаме да пораснат за молзење. Сметам дека државата мора да поведе поголема сметка за козарството во земјава“, вели Асанов кој немаше многу време да разговара, бидејќи стадото со 600 овци веќе се упати на другиот крај од другата полјана.
„Нема и никој не кажува кога ќе ги добиеме. Ако ги платат подруго ќе биде. Ќе можеме нешто да купиме за по дома, децата сакаат комјутери, лаптопи. Подобро ќе е ако редовно ни ги исплаќаат субвенциите“, вели Асанов.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kozarstvoto-izumira-oti-nema-interes-kaj-klanitsite-a-ushte-nema-ni-subventsii-velat-kozarite-od-valandovo/