fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМлад земјоделецТоп вести

Џунајт Салиeвски – Годинава од тутунот очекуваме најголем аир да видиме

Во Битола се чека ред за лубениците на Џунајт. Најслатките лубеници се од Будаково.

Цел живот со земјоделие, и целата фамилија егзистира од земјоделие, вака младиот земјоделец Џунајт Салиевски (32)од пелагонското село Будаково накусо го опишува својот живот. Џунајт проиведува, тутун, пченица, бостон, пипер и годинава смета дека најголемиот аир како земјоделец ќе го види од тутунот.

-Цел живот сме земјоделци, едноставно кажано не не бива за друго, ние сме земјоделци од мајка, работиме, тутун, бостан, пипер, жито, кромид …,  вели Џинајт за Зелена берза

Младиот земјоделец со трактор деновиве продава бостан на битолскиот пазар, а битолчани чекаат ред за неговите слатки лубеници.

– Бостан имам посадено на 2 хектари, родот е добар ама не и цените. Од дома ни ги земаат лубениците за 6 до 7  денари по кг, нашите селани ги даваат на откуп, оти не можат да одат на пазар да ги продаваат.

Пченицата ја дадов за 10 денари по кг, имав садено 10 хектари и собрав околу 30 тони. Слабо поминав. Пиперот беше добар со квалитет ама сега од горештините ќе имаме штета, посадив на 2 хектари површина. Од се што посадив најпрофитабилно година ќе биде со тутунот. Посадив на 2 хектари и се надевам дека ќе соберам околу 2 тони тутун, вели Џунајт за Зелена берза.

А.Блажевска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close